Студијата за процена на состојбите за постапување по пријави на укажувачи, транспарентност и отчетност на јавните претпријатија во Македонија, прави анализа на механизмите за прием и постапување по пријави на укажувачи во рамките на јавните претпријатија основани од единици на локална самоуправа во четири плански региони и тоа: Источен Плански Регион, Пелагониски Плански Регион, Полошки Плански Регион и Скопски Плански Регион.
Во истражувањето опфатени се и јавни претпријатија чиј основач е Владата.
Со ова анализа се оценува примената на Законот за заштита на укажувачите, а дополнително, истражувањето ги анализира и механизмите за транспарентност и отчетност на јавните претпријатија. Транспарентноста и отчетноста на јавните претпријатија всушност претставува и начин/алатка на потенцијалниот укажувач да стекне дополнителни информации за потенцијалното пријавување.
По однос на техничките ресурси со кои располага овластеното лице за постапување по пријави на укажувачи во претпријатијата кои беа предмет на ова истражување е дека ресурсите во најголем дел од претпријатијата не се обезбедени во согласност со Правилникот.

При анализата на капацитетите на поставеноста и организираноста на човечките ресурси за постапување по пријави од укажувачи, се забележува средно ниво на исполнетост и примена на законските одредби. Па така, 19 јавни претпријатија имаат определено лице за прием на пријави, а кај 9 претпријатија тоа го прави раководното лице. Тоа се вкупно 28 претпријатија или повеќе од половината анализирани претпријатија. Дополнително, останатите индикатори покажуваат ниско ниво на исполнетост.

Во поглед на транспарентноста и достапноста на информации за овластеното лице за прием на пријави и за информациите за постапување по пријави преку извештаите, заклучокот е дека и овој сегмент од анализата е на ниско ниво. Имено, само 19 јавни претпријатија имаат достапни податоци на нивната интернет-страница за лицето овластено за прием на пријави од укажувачи и само 7 претпријатија доставуваат извештаи од ДКСК . Дополнителната анализа на податоците,
во текстуалниот дел покажа дека голем дел од јавните претпријатија немаат своја интернет-страница, па поради тоа е и ниското ниво на објавување на податоци за овластено лице. Исто така, голем дел од претпријатијата кои не доставиле извештаи, тоа го базираат на наодот дека немале примено пријави од укажувачи.
Бројот на примени пријави, како и бројот на претпријатија коишто примиле пријави, покажува дека концептот на укажувачи е на ниско ниво на имплементација. Самиот факт дека само 3 јавни претпријатија примиле пријави во тригодишниот период на анализа е нелогичен ако се има предвид дека во согласност со голем број анализи и извештаи, степенот на корупција во Република Северна Македонија е на релативно високо ниво. Оттука се наметнува прашањето зошто бројот на пријави е низок. Имено, едно објаснување е дека отсуствува довербата во институциите (во овој случај јавните претпријатија) дека ќе биде соодветно постапено по пријавата, друго објаснување е дека потенцијалните укажувачи не се запознаени со овој механизам, додека трето објаснување би било дека потенцијалните укажувачи се плашат да пријават, поради евентуални идни последици.

Само 6 претпријатија организирале обука за своите вработени со цел запознавање како да бидат укажувачи.
Дали за избор на членови на управен одбор распишувате јавен повик во согласност со член 17-а од Законот за јавните претпријатија? Доколку да, каде се објавува јавниот повик?

Колку членови има управниот одбор на претпријатието?

Анализата на сегментот на избор на органите на јавните претпријатија и транспарентноста на постапката за избор на членови на органите на претпријатијата покажа високо ниво на затвореност на претпријатијата во однос на обезбедувањето на податоците.
Дали јавното претпријатие на својата интернет-страница ги објавува податоците и информациите предвидени во членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер?

Општ заклучок е дека отсуствува транспарентност на јавните претпријатија и во поглед на достапноста на информации до јавноста во поглед на органите на претпријатието, како и извештаите за работа.
Во сегментот на антикорупциски практики и политики на основачите на јавните претпријатија исто така се забележува отсуство на соодветни акти. Следствено на тоа:

Во оваа студија беа опфатени вкупно 44 јавни претпријатија од кои обезбедени се податоци за 43 претпријатија додека од 1 претпријатие не се добиени податоци.
Исто така, во студијата беа опфатени 19 основачи, од кои обезбедени се податоци од 17 основачи, додека од 29 основачи не се обезбедени податоци. Вкупно 17 жалби беа доставени до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.
1. Тринаесет од анализираните јавни претпријатија се основани од државата и тоа:
2. Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро-Берза“– Скопје;
3. Јавно претпријатие за државни патишта – Скопје;
4. ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ – Скопје;
5. Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните
патишта – Скопје;
6. ЈП за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ – Дирекција –
Скопје;
7. ЈП „Службен весник на Република Северна Македонија” – Скопје;
8. Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на
Република Северна Македонија – Скопје;
9. ЈП за стопанисување со пасишта – Скопје;
10. Јавно претпријатие „Стрежево“ – Битола;
11. Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република
Северна Македонија – Скопје;
12. Јавно претпријатие за водостопанство „Лисиче“– Велес;
13. Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности Хидросистем
„Злетовица“ – Пробиштип;
14. ЈП „Национална радиодифузија“ – Скопје.
15. Опфатени претпријатија во Источниот Плански Регион
16. Јавно претпријатие за комунални дејности „Облешево“ – Чешиново-Облешево;
17. ЈП за комунално производни и услужни дејности „ИСАР“ – Штип;
18. ЈП „Стипион 2011“ – Штип и
19. Јавно претпријатие за комунални работи „Солидарност“ – Виница.
Опфатени претпријатија во Пелагонискиот Плански Регион:
20. ЈКП Водовод и канализација – Прилеп;
21. Јавно комунално претпријатие „Комуналец” – Прилеп;
22. Јавно комунално претпријатие „Пазари“ – Прилеп;
23. Јавно претпријатие „Пазари“ – Битола;
24. Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови Прилеп;
25. ЈКП „Водовод“ – Битола и
26. ЈКП „Пела Хигиена“ – Могила
Студијата е изработена во рамките на проектот „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија” кој го спроведува Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) во периодот од октомври 2022 година до септември 2023 година.












