ТЕРА

REKLAMA???

СУБВЕНЦИИ ЗА ДЕЛ ОД ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО БИТОЛА

Амандманската расправа за буџетот за 2023 година ги промени програмите за работа на општината и јавните претпријатија. На првата седница во новата година повеќе измени.

„Се работи за изработка на студија за развој на зимско-летен туризам на Пелистер, ново идејно решение за новогодишно украсување на Битола, значи од сега ќе имаме некаков вид на тело кое што ќе работи на новогодишно украсување на Битола, летен фестивал на Смолево, зелен проектот кој што ќе биде вметнат во програмата на Комуналец и кој ќе биде еден од најголемите проекти за зазеленување на Битола, бидејќи ние сме град каде што навистина ни треба зеленило. Набавка на ново електрично вовче „Мечо“, бидејќи Битола порано имаше такво вовче и сега сметаме дека повторно може да биде атракција во градот, потоа обезбедување на дополнителни средства за проектна документација за дополнителни осветлени пешачки премени, ги гледаме пешачките премини кои се на ул. Васко Карангелевски и сметаме дека треба да има дополнителни такви пешачки премини, посебно со приоритет пред училиштата кои ќе овозможат поголема безбедност на учениците, потоа имаме одделување на средства за поставување на урбана опрема по ул.Партизанска, зборуваме од кружниот тек кај Веро до Спортската сала каде што би се наместиле дополнителни клупи, канделабри и корпи за отпадоци и на крај реконструкција на спортските игралишта во ОУ „Елпида Караманди“. Сите знаеме декаа таму ќе има нов градски парк кој што ќе се наоѓа во горниот дел на Битола, меѓутоа сме и сведоци дека таму се наоѓаат неколку игралишта кои се во лоша состојба и за истите одвоивме средства да се изработат проекти и да се реконструираат“, изјави Габриела Илиевска, претседател на Совет.

Едно од точките на дневен ред беше и субвенционирањето на јавни претпријатија. Милион и пол денари за ЈП Паркинзи за набавка на вовчето „Мечо“, 699 илјади денари за ЈП Пела линк за лиценци и докадровско екипирање на претпријатието, 450 илјади денари за ЈП Жабени за поставување на фотоволтаици, 450 илјади денари за ЈП Нискоградба за набавка на машина за чистење на шахтите и 3 милиони денари за ЈП Пазари за реализација на инфраструктурни работи.

„ Во однос на субвенционирањето на ЈП Жабени, од страна на директорот беше понудена програма за поставување на фотоволтаици за изработка на физибилити студија за изработување на основен проек и во текот на 2023 се надеваме дека таму ќе бидат инсталирани фотоволтаици со цел заштеда на електрична енергија во делот на објектите коишто функционираат во ИЗ Жабени. Во однос на субвенционирањето на ЈП Паркинзи еден од амандманите коишто беше предложени и прифатен со донесувањето на буџетот за 2023 година, е набавка на вовчето „Мечо“, вовче кое што функционираше во минатите години, веќе 15 години тоа не функционира, беше предлог од страна на советниците, ние тоа го прифативме. Делот за субвенционирање на ЈП Пазари, од страна на директорот беше понудена програма која што треба да се реализира во делот на неколку инфраструктуирни работи коишто се изведуваат и ќе бидат изведувани во текот на 2023 година, а за ЈП Пела Линк се субвенционира бидејќи дел од основачкиот блок којшто беше таму ќе треба да се вадат некои нови лиценци коишто ќе треба да ги има претптијатието и докадровско екипирање на јавното претпријатие, бидејќи во моментот таму има само раководно лице. Ќе треба да се опремуваат канцеларија, ќе треба да се вработуваат професионални шофери коишто ќе треба да ги обавуваат сите оние дејности за да почне да функционира нормално јавното претпријатие“, рече Бојан Бојкоски советник од ВМРО ДПМНЕ.

Опозицијата ќе ја подржи одлуката за субвенционирање на јавните претпријатија, велат дека тоа било пракса и во изминатиот период.

„Субвенционирањето на ЈП Претпријатија било и во претходниот период. Тоа е добра пракса која ја има стекнато општина Битола неколку години наназад. Ја знаеме можноста на јавните претпријатија. Доколку тие предложат некоја реална програма, реален за развој на нашиот град или за подобрување на условите во претпријатијата, ние како Совет нормално дека треба да излезиме во пресрет. Ние имавме низа на предлози за измени на програмите пред носењето на Буџетот за 2023 година, мислам дека имаа и другите политички партии, не треба да гледаме толку политички за овие проекти бидејќи ние ги предлагаме затоа што нас граѓаните ни сугерирале и што повеќе предлагаме проекти кои доаѓаат од граѓаните или од политичките партии и мислам дека треба тие да бидат поддржани и мислам дека треба да се стремиме кон нивна побрза реализација“, изјави Методија Илиевски, советник од СДСМ.

Не сакаме да минипулираме со јавноста, затоа не предложивме ниту еден амандман за измена на програмите. Овие амандмани ќе бидат тешки за реализација, вели советникот од Левица Велевски кој рече дека нема да поддржат ни субвенционирање на претпријатијата.

„ Нема да поддржиме субвенционирање на ЈП. Конкретно ќе кажам дека милион и пол денари ќе се одделат средства за Паркинзи. Со тоа на иницијатива на Поинаку за реализација на вовчето „Мечо“, ама јас ќе ја демантирам оваа ситуација поради тоа што на преходната Комисија, мислам дека беше за јавни и комунални дејности, самиот советник Чулакоски изјави дека вовчето ќе биде донација од приватна компанија, а сега се субвенционира ЈП Паркинзи за негова реализација, значи испаѓа уште една манипулација кон граѓаните. За превозот би ја поддржале бидејќи се работи за категорија на млади деца,  а другите јавни претпријатија како ИЗ Жабени нема да поддржиме бидејќи мислиме дека тоа не е начин на справување со кризата. Тие се претпријатија, за кои донесовме некоја претходна формулација за самите да се финансираат како ИЗ Жабени, а сега бараат средства од Општината, значи Општина Битола е во таква ситуација да едвај крај со крај крпи и чекаме како во другите општини едно ново задолжување после исплаќање на кредитот во март од претходната градоначалничка и ќе има ново задолжување, така се шпекулира, ќе видиме колку е точно, значи не смееме да одделуваме средства за јавни претпријатија кои се самофинансирачки и се само финансираат, а Општина Битола да не можи крај со крај да сврзи’, рече Горан Велевски, советник од Левица.

Денес советниците расправаа и за финансискиот план за работа на ЈП Комуналец и планот за работа на ЈП Жабени за 2023 .