Со цел зголемување на енергетската ефикасност на домаќинствата преку замена на старата, дотраена и енергетско неефикасна дограма со нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на територија на Општина Битола, на барателите за надоместување на дел од трошоците за набавка и монтажа на нова ПВЦ или алуминиумска дограма, Општина Битола ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 30% од вредноста, но не повеќе од 30.000,00 денари.
Потенцијални добитници на надоместок се единствено лицата со живеалиште во Општина Битола кои имаат набавено и монтирано нова ПВЦ или алуминиумска дограма од 21.06.2023 до 12.07.2023 година и кои ќе ја поднесат целосната документација наведена во точка 2.1 од овој Јавен повик.
На Јавниот повик немаат право на учество сопствениците на станбени објекти кои се сеуште во фаза на изградба.
Јавниот повик е објавен на веб страната на Општина Битола и на огласната табла. Повикот трае од 21.06.2023 година до 12.07.2023 година и за истиот може да се аплицира на шалтерите во Општина Битола, соопштуваат од Општина Битола












