Судири во Киев

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Демонстрантите во Киев се судрија со полицијата, која почна да го отстранува нивниот протестен камп, а 100 лица се уапсени.

Десет лица се повредени, соопшти полицијата.

Протестниот камп пред украинскиот парламент во октомври го формираа поддржувачите на Михаил Саакашвили, поранешниот претседател на Грузија, кој стана истакнат опозициски политичар во Украина, од каде што беше депортиран на 12 февруари, а демонстрантите бараат да се воспостави национален суд против корупцијата.

Шефот на полицијата Андреј Кришченко рече дека шест демонстранти побарале лекарска помош по конфликтот утрово и дека четворица полицајци се повредени, јави новинската агенција Интерфакс.

Кришченко објасни дека до судирот дошло кога полицијата пристигнала во кампот поради истрага во врска со претходен конфликт, кој избувнал во вторникот, а во кој биле повредени 15 полицајци, според АП.

„Мора да извршиме инспекција по две судски одлуки и да ја пребараме оваа област… Потоа комуналните работници ќе го исчистат местото“, изјави шефот на полицијата, објави Ројтерс.

mkd.mk

Share.