Судири во Милано

0
250

Ширум Италија  се одржуваат протести воочи парламентарните избори во земјата закажани за 4 март, а во Милано дојде и до судири меѓу студентите кои протестираат против неофашистичкото движење „Казапаунд“ и полицијата.

Во Милано на неколку места има демонстрации, но има и во други италијански градови, а во близина на плоштадот Дуомо дошло до судир затоа што левичарските демонстранти се обиделе преку кордон полицајци да дојдат до локацијата каде „Казапаунд“ одржувало митинг.

Еден протест бил организиран против расизам и неофашизам, додека друг бил против реформите во областа на трудот на италијанската Влада на левиот центар.