Судири во појасот Газа

0
158

Двајца Палестинци се убиени денеска, а околу 250 се ранети при пукање на границата меѓу појасот Газа и Израел.

Со тоа бројот на загинати се зголеми на 24 лица од почетокот на демонстрациите на 30 март, кои се најавени дека ќе траат шест недели. Палестинците демонстрираат против израелската блокада која трае од 2007 година, како и за правото за враќање на палестинските бегалци кои заминале од територијата на денешен Израел во војната во 1948 година.