Судир меѓу десничарски групи и мигранти во Грција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Неколку лица се повредени во вчерашните инциденти на грчкиот остров Лезбос меѓу радикално десничарски групи граѓани, бегалци и мигранти кои протестираа на плоштадот во градот Митилини и полицијата.

Инцидентите, според грчките медиуми, завршија во 5.30 часот утрово со интервенција на полицијата, празнење на плоштадот и насилно пренесување на бегалците и мигрантите во прифатниот центар Морија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, локалните медиуми од островот пишуваат дека се почнало кога група граѓани, радикални десничари, се обиделе да ги нападнат мигрантите и бегалците насобрани на еден од плоштадите, но и полицајците кои ги штителе.

Share.