Собранието на Црна Гора повторно и покрај препораките на Венецијанската комисија, го усвои дополнетиот Закон за претседател, со чие усвојување актуелното парламентарно мнозинство ќе преземе дел од надлежностите на претседателот на државата во делот на избор на новата Влада.
На донесувањето на законот бурно реагираа граѓаните кои протестираа пред Собранието на Црна Гора.
Имено, по официјалното завршување на собирот, група млади луѓе фрлиле неколку тврди предмети и факели, а полицијата одговорила со солзавец. Оградата пред Собранието е делумно скршена, како и стаклото на влезната врата од Собранието.
Предраг Вушуровиќ, од движењето „Не има“, кое го организираше протестот, рече дека со донесувањето на изменетиот закон е потврдено предавството и најави „блокада на сите црногорски градови во наредните денови“.












