Судот му одреди притвор на Јакимовски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Судија на претходна постапка му изрече мерка притвор во траење од 30 дена на Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како осомничен во истрагата на Обвинителството за организиран криминал за проневера на над 50 милиони денари во УБК.

Од Кривичниот суд соопштија дека постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство заради основано сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и овластување, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска беа спроведени три лица .

По прозинесување на лицата во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на Т.Ј. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, на С.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП и за К.Ј го прифати предлогот и определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патната исправа, Обврска за јавување во суд, Забрана за напуштање на живеалиштето и Забрана за вршење определени работни активности поврзани со кривичното дело.

Share.