Суспендиран хигиеничарот кој нападнал ученик во ОУ„Коле Канински“

0
1325

Хигиеничар од ОУ „Коле Канински“ во Битола нападнал ученик. Ова е веста која ја објави Министерството за внатрешни работи, а настанот се случил во саботата која беше работна за училиштата.

Во информацијата на МВР стои дека на 14.04.2018 година во 15.30 часот во Полициската станица Битола, 14-годишник од Битола заедно со негов родител пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот физички бил нападнат од хигиеничар во училиштето „Коле Канински“ во Битола. Додека чекал наставник, малолетникот случајно турнал лименка од прозорецот. Во тој момент хигиеничарот Ј.Т.  почнал да му вика, барајќи да ја фрли лименката во ѓубрето. Откако не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите, по што го удирал по лицето. Малолетникот се здобил со повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот.

Од клиниката во Битола велат дека по направениот преглед и констатираната состојба ученик бил пуштен.

-Во саботата, во нашата установа беше примено лицето А. С. родено 2003 година. Беше примено на Ургентното одделение и препратено до Максилно-фацијална хирургија. Таму биле утврдени огреботини и набиеници по лицето и вратот и биле санирани. Пациентот е пуштен на домашно лекување”, рече Сузана Коневска, портпарол на Болницата.

Настанот бил пријавен и од директорот за училиштето.

С-Училиштето ги презеде сите мерки, ја извести полицијата по кратко време откако се случи чинот, па Државниот просветен инспекторат. Вработениот е суспендиран, свикана е дисциплинска комисија која ќе го истражува настанот. Се надевам ќе се расветли во иднина и сите правни процедури ќе бидат спроведени до крај”, рече директорот Зоран Мирчевски.

Како што вели директорот на училиштето „Коле Канински“, хигиеничарот денеска бил суспендиаран од работа.