СЈО очекува осудителни пресуди за „Транспортер“

0
1571

Во Кривичниот суд денеска почна главната расправа по предметот „Транспортер“ каде обвинети се поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20 лица за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 360.000 евра.

На денешното рочиште обвинителите на СЈО имаа воведен говор, во кој рекоа дека ќе докажат како обвинетите склучиле договори без запазување на постапката за јавна набавка на неоснована висина и износ и на незаконски начин. Од СЈО рекоа дека очекуваат осудителна пресда.

Адвокатите на обвинетите рекоа дека состојбата со превозот е слична или иста во цела Македонија и оти ќе покажат од кои причини обвинетите немаат сторено кривично дело. Според одбраната, во Битола превозот на учениците не само што бил законски организиран, туку и спроведен по пониска вредност по ученик во однос на други градови во државава.

Расправата се води од почеток поради промена на судечкиот совет.