СЈО со истрага за одливот на нелегални пари од Македонија

0
206

Обвинителката Катица Јанева денеска изјави дека СЈО истражува каде се одлеале нелегално стекнатите пари од буџетот и дали се уште во Македонија. За тоа кои држави се цел на истрагата за финансиски криминал таа ги посочи Чешка, Грција, Велика Британија и Холандија.

Јанева на свеченото отворање на проектот: „Заедно за одговорност: Поддршка на Специјалното јавно обвинителство на Македонија во зајакнувањето на неговите оперативни капацитети и капацитетите за меѓународна правна соработка“, порача и дека при крај е истрагата за проектот „Скопје 2014“. Таа изрази надеж дека наскоро ќе излезат со јавно обвинителска одлука за случајот.