Таа е повисока од два метри, но тоа не ја спречи да ја најде љубовта на својот живот

 

Манекенката Елисане Силва, сега 26-годишна, е висока повеќе од два метра, пишува Метро.

Таа била висока 175 сантиметри кога имала само десет години и продолжила да расте.


Прочитајте и: ВИДЕО: Кит проголта Американец, но за среќа и го исплука


Нејзината висина нема никаква врска со генетиката бидејќи нејзината мајка, Ана Марија Рамос, е висока 162 сантиметри, а нејзиниот татко, Луис, 170 сантиметри. Многу подоцна во животот на Елисане, е откриено дека нејзиниот раст е предизвикан од бениген тумор на хипофизата, што предизвикал прекумерно лачење на хормонот за раст и гигантизам.

Пред десет години таа го запонала Франсиналдо, кој ја запросил во 2011 година, а венчале во 2015 година.

-Веднаш штом се запознавме ја почувствував поврзаноста, а не ја ни забележав неговата висина. Франсиналдо е висок само 165 сантиметри, што е скоро 40 сантиметри помалку од мене, вели таа.

Разликата во висината не им претставува проблем. Тие го имаат тригодишниот син Анџело, кој е висок 93 сантиметри.

Сподели