ТАВ ќе инвестира 45 милиони евра во проекти во Македонија

0
500

Премиерот Зоран Заев, во рамки на посетата на Турција, се сретна со претставници на Групацијата ТАВ и со нив ги утврдиле приоритетите и за инвестицијата од 45 милиони евра од концесионерот на аеродромот во Скопје, ТАВ. Парите ќе бидат вложени во значајни проекти за граѓаните на Македонија.

„Станува збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални патишта, она што им е реално потребно на нашите граѓани.

И јас сум искрено задоволен што од оваа инвестиција директна полза ќе почувствуваат граѓаните на Република Македонија“, изјавил Заев.

Претставниците на ТАВ се заблагодариле за добрата соработка со премиерот и новата Влада и поддршка во заложбите за развој на земјата.

„Со самото тоа што посетата на Република Турција ја започнавме синоќа, веднаш по доаѓањето, со вечера со турските бизнисмени, покажуваме дека сме силно определени да ја интензивираме добрата економска соработка меѓу двете држави“, додал Заев.

Македонската делегација по средбата со претставниците од ТАВ го посетила Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк.