ТЕРА

REKLAMA???

ТАКТИЛНА ИЗЛОЖБА „ДОПИР“ ВО ГАЛЕРИЈАТА НА НУ „ЗАВОД И МУЗЕЈ“ БИТОЛА

НУ „Завод и Музеј“ денеска организираше и изложба на тактилкни слики и копии за лица со попреченост во развојот и оштетен вид  насловена „Допир“.   Ова е мултимедијална изложба, вели Ирена Ружин од Завод и Музеј.

Изложените предмети, музејски експонати се дело на неколку автори – Кире Арсовски, Гораст Николовски, Тони Николовски, и тимот експерти кои ги прилагодува истражуавањата на музејските кустоси од различните реферати за лицата со оштетен вид односно лицата со оштетен слух. Завод и Музеј ова свое знаење го пренесе на музеите во балканските земји.

Денеска прашавме и која е реакцијата на публиката од овој начин на принесување на знаењето за историјата што го поседува Завод и Музеј.  Во својата изјава д-р Ружин зборува за задоволството на посетителите.

Денешната изложба имаше дваесеттина избрани предмети од богатите збирки на битолскиот музеј претставен преку тактилни слики, тактилни описи со брајово писмо и зголемен печат, како и копии од предметите од хераклејската базилика и неолитското наоѓалиште.