Тамара Тодевска вечер ќе настапи осма во финалето на Евровизија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тамара Тодевска со песната „Горда“ (Proud) вечерва под реден број 8 ќе настапи во финалната вечер на 64-то издание на  Евровизија, што се одржува во Израел.

Во вечерашното финале ќе настапат 26 земји, а ќе можат да гласаат сите учесници или вкупно 41 земја.

Директен пласман во финалето на Евровизија имаат Франција, Италија, Германија, Шпанија и Велика Британија.

Во ревијалниот дел на финалето ќе пее Мадона.

Во обложувалниците се прогнозира дека Холандија, Шведска и Австралија влегуваат како фаворите на вечерашното финале на Евровизискиот натпревар за песна на годината.

Share.