Танзичен Самит на Г7 поради американските санкции

0
179

Лидерите на седумте индустриски најразвиени држави во светот, група позната како Г7, пристигнуваат од денеска во Канада на, како што коментираат западните новински агенции, „исклучително тензичен годишен самит, поради царините што неодамна ги воведоа САД кон сојузниците“.

Самитот ќе се оджи утре и задутре, во Ла Малбе во Квебек, Канада, а домаќин е канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Ако американскиот отпор отиде предалеку, нема да ги жртвуваме нашите начела, нашите интереси за привидно единство“, соопшти Елисејската палата и додаде дека Франција сака „отворена трговија, слободна, рамноправна меѓу државите од Г7“.

„Можеби постојат несогласувања, но повеќе би сакал да кажам дека се работи за семејна расправија“, изјави економскиот советник на Трамп, Лари Кудлоу, кој тврди дека неговиот шеф сака само „реципроцитет“.