„Таргет-Тврдина“ се одложи

0
443

Денешното прво рочиште за случајот „Таргет – Тврдина“ е одложено за 17. Јануари.

Причината за одложувањето е затоа што не биле исполнети законските услови за да се одржи судењето, односно обвинетите вчера ја доставиле листата на докази, но само во еден примерок.

Бранителите на обвинетите ветија дека уште во текот на денешниот ден доказите ќе ги достават и до СЈО.
По завршувањето на рочиштето, бранителите на обвинетите, кусо кажаа дека судењето било одложено поради процесни пречки, додека обвинетиот, поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, не сакаше да открие какви докази предложиле вчера до судот.

Во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во еден обвинителен акт, првообвинети се Мијалков, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Гордана Јанкулоска и уште десетина лица.

novatv.mk