Тачи: Границата со Србија мора да се смени, но ако има подобра идеја ќе се повлечам

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Косово Хашим Тачи инсистира дека неговиот став во однос на корекцијата на границите со Србија, и покрај противниците на таа идеја, е „заснован на Уставот и законите и не може да се спори“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за телевизијата Т7, Тачи синоќа рече дека „можеби и би се повлекол од идејата за промена на границите во име на национален консензус“.

– Кога ќе слушнам други, подобри, идеи ќе размислам. За сега не сум чул подобри идеи за затворање на дијалогот со Србија, изјави косовскиот претседател, кој е главен преговарач во дјалогот со Србија, што се одвива во Брисел под покровителство на Европската унија.

Нагласувајќи дека решително се залага за корекција на границата со Србија, Тачи рече дека „би сакал дијалогот да се случи и Косово, ако е можно, да биде што по единствено“.

– Нема меѓусебно признавање (со Србија) без дефинирање на границите, изјави Тачи во емисијиата „ДПТ со Фидан“ на приштинската Т7.

Тачи последниве неколку месеци интензивно ја прокламира идејата дека Прешевкската Долина, регионот во јужна Србија нааселен со мнозинско албанско население, треба да се припои кон Косово, но не кажува што „за возврат“ би добила Србија. Српската страна, пак, се залага за „разграничување со Косово“, со јасни претензии за припојување кон својата држава на деловите од северно Косово населени со мнозиснко српско население.

24.mk

Share.