Тачи: Да тргнеше српската војска лошо ќе се поминеше

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Косовскиот претседател Хашим Тачи на натписите кои доаѓаат од Белград дека наводно Вучиќ размислувал да ја испрати српската војска во Митровица возврати со уште поголема провокација.

Тој рече дека ако тргнела српската војска ќе си пројдела многу лошо, и ќе се вратела како српскиот воз кој беше пуштен од Белград со национални симболи и правослани обележја се со цел да провоцира додека проаѓа низ територијата на Косово, по што заврши неславно.

Тачи смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ му има наредено на владиниот функционер задолжен за Косово и Метохија да влезе во Митровица и покрај укажаната порака од косовска страна за потреба од соодветна дозвола.

Со самото апсење на Џуриќ, се создадени услови за политички импликации врз Приштина, и Тачи смета дека токму тоа било српското сценарио кое тие нема да го дозволат.

faktor.mk

Share.