Тачи: Специјалниот суд е историска неправда кон ОВК и Косово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Косовскиот претседател Хашим Тачи оцени дека формирањето на Специјалниот суд за наводни извршени злосторства од страна на поранешни високи офицери на Ослободителната војска на Косово претставува историска неправда кон Косово и ОВК.

– Реално она што го мислев во 2015 година, го мислам и денес. Специјалниот суд е историска неправда кон Косово и ОВК, истакна Тачи во интервју за ТВ Клан Косово.

Тој нагласи дека не згрешил што пред една и пол година го прифатил формирањето на судот, бидејќи тоа било наложено од страна на меѓународната заедница, во спротивно ќе биле преземени драстични мерки кон Косово.

Share.