Тачи јавно се дистанцира од идејата за поделба на Косово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Косовскиот претседател Хашим Тачи, за кого се тврди дека се согласил со идејата за поделба на Косово,  изјави дека „идејата е далеку од неговиот ум и институциите во Косово“.

На заедничката прес-конференција со словенечкиот претседател Борут Пахор, кој е во дводневна официјална посета на Прштина, Тачи изјави дека ваквите идеи не носат ни мир, ни стабилност и оти тие не се на косовските институции.

Според него, идеите за поделба на Косово постоеле и порано,но тие, оцени тој, се штетни и дестабилизирачки за Косово.

Share.