Тања Кокев ќе се погрижи за екипата на „Медена земја“ на Оскарите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Модната дизајнерка Тања Кокев ќе ги облече режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска со целата екипа која работеше на документарецот „Медена земја“ за свеченото доделување на оскарите во февруари во Беверли Хилс, Лос Анџелес.

За прв пат во историјата на македонската кинематографија, филмска екипа од Македонија ќе очекува два Оскари на доделувањето на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука,

„Медена земја“ доби две номинации , за најдобар документарец и најдобар странски филм.

Екипата во креации на Кокев се појави и на доделувањето на Европските филмски награди во декември. Документарниот филм е во продукција на Атанас Георгиев, кој е и монтажер, а кинематографијата е на Фејми Даут и Самир Љума.

Share.