,, Твоето малку е некому многу “

0
481

Викендов по четврти пат се одржа хуманитарната акција ,,Твоето малку, е некому многу“ во организација на учесниците на школата за лидерство и кариерен развој ПОЛИТЕА која има за цел прибирање на нерасиплива храна која ќе биде донирана на социјално загрозени семејства.

Активностите во рамките на акцијата беа поделени во два дела.
Првиот дел беше наменет за најмладите. Тој беше составен од креативни работилници за изработка на новогодишни честитки, украси и оригами. Во рамките на овој дел дечињата имаа забавен простор во кој имаа можност да се дружат и забавуваат со интересни игри.

– Да ја подигнеме јавната свест дека солидарноста е една од клучните карактеристики на лидерството и дека сите ние треба во овие предпразнични моменти да размислуваме за оние кои што се најранливи во нашето општество, да се обидеме барем на некаков начин да му помогнеме. Со цел да им се разубават новогодишните празници, собраните производи ќе им бидат донирани на социјално загрозени лица, на оние на кои им се најнеопходни, Диоген Хаџи Коста Милевски, Политеа.

Духот на Политеа е преку забава и солидарност да се развива хуманоста вели Јована Герасимоска од четвртата генерација на Политеа

На овој начин преку своето учество во ПОЛИТЕА, опкружени со позитвна тимска атмосфера тие имаа можност продуктивно да го употребат своето слободно време и да создадат позитивна енергија која произлегува од несебичното помагање.
Акцијата се реализира во КАФЕ БАР Porta Jazz .