Битола е фестивалски град на Монодрамата. А во фестивалските денови покрај официјалната програма, граѓаните ги разведруваат пантомимичарите Дарко Вељиќ и Мето Јанакиевски – специјалните гости во ОФФ програмата. Тие на Широк Сокак се секој ден од 12:30-14:30.

Овие двајца мајстори на пантомимата, одржаа и две работилници: „Сценски борби и акробатика“ и „Игра низ пантомима“.

На истите имаше голем интерес кај младата публика и присуствуваа и децата-актери од Детската школа •Бабец• и •Фабрика за мечти• од Интимниот театар.












