Телефонски броеви за пријавување на патници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сите граѓани што допатувале од регионите со корона вирусот задолжително да се јават на телефон во центрите за јавно здравје.

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје.

 

Share.