Тело во распаѓање најдено обесено на дрво над средното училиште во Ресен

0
1554

Тело во распаѓање е најдено обесено во боровата шума над средното училиште во Ресен. Како што соопштуваат од полицијата телото е пронајдено вчера во 19.30 часот. Идентитетот на починатото лице не е познат, ниту пак е утврден полот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен. По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во капела во Ресен. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и за расчистување на настанот, додаваат од МВР.