Тензии на Косово

0
871

Косовската полиција попладнево со специјалци го уапси  српскиот функционер, директор на Канцеларија за Косово и Метохија во Влада на Република Србија, Марко Ѓуриќ.

Косовските медиуми пренесуваат дека и покрај тоа што имал забрана за влез во Косово, Ѓуриќ пристигнал во северниот дел на Митровица.

Терористи облечени во полициски униформи на специјалните единици на непостојната држава Косово сакаа да покажат дека можат да го заземат северот на Косово, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според него, тие тоа го направиле со поддршка од Еулекс и дека „на две возила на РОСУ, имало две возила на Еулекс“.

Претседателот на Србија за време на обраќањето до медиумите по апсењето на шефот на српската канцеларија за КиМ Марко Џуриќ во Косовска Митровица кажа дека Србија ги „почитувала сите меѓународни акти“ и дека на време ја информирала Приштина за намерата на српските државни функционери да одат на Косово.

„Значи, да биде јасно, Марко Џуриќ во согласност со договорите со приштина, три пати пред време информираше за своето пристигнување на Косово и Метохија. На тоа немаше реакција. Ден потоа беше испратена друга најава на која беше само додадено името на Никола Селаковиќ. Одговорот стигна на 25 март во 23:02, велат дека барањето не е на време поднесено. Како прво, не е барање туку информирање. Второ, лажат. На тоа следуваше одговор дека ќе постапиме и ќе го посетиме Косово во согласност со меѓународното право и ги молиме да не се обидуваат да предизвикаат чекори за ескалација на тензиите“, кажа Вучиќ.

Претседателот на Косово Хашим Тачи соопшти дека ослободен е Марко Ѓуриќ, кој е главен преговарач на Србија во разговорите со Косово, што се спроведуваат со посредство на ЕУ.

Според Тачи, полицијата го придружувала Ѓуриќ до граничен пункт меѓу Косово и Србија.

 -Тој случај не треба да ја нарушува комуникацијата меѓу Косово и Србија, напорите за нормализација и помирувањето меѓу Косово и Србија, изјави Тачи.