Тензично на Косово по одлуката за формирање војска

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Косовското Собрание со гласовите на сите присутни пратеници, на денешната пленарна седница ги усвоија законите со кои досегашните Безбедносни сили (ФСК) практично прераснуваат во војска на Косово.

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин изјави дека е направена процена на ситуацијата на Косово и Метохија и дека за сѐ е информиран и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој е информиран за секој детаљ за сѐ она што се случува на просторот на Косово и Метохија, не само од претставниците на српската војска, туку од сите безбедносни служби“, кажа Вулин.

Тој додаде дека српскиот претседател е многу загрижен и заинтересиран за сѐ што се случува на просторот на Косово и дека сите одлуки ќе ги донесе врз основа на директните информации за сѐ што се случува на тој простор.

„Ние како војска сме спремни да ја извршиме секоја наредба на нашиот врховен командант, тоа е нашата задача. Каква наредба ќе добиеме зависи од Вучиќ“, кажа српскиот министер.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај, изјави пред новинарите по усвојувањето на сетот закони за трансформација на Косовските безбедносни сили во војска, дека припадниците на армијата ќе бидат распоредени низ целата територија на Косово, на северот и југот.

Европската Унија повтори дека трансформацијата на Косовските безбедносни сили (КБС) во армија требало да биде извршена низ иклузивен процес, согласно со косовскиот устав.

„Како и НАТО, ЕУ и понатаму го дели ставот дека мандатот на косовските безбедносни сили би требало да биде менуван исклучиво низ инкузивен и постепен процес во согласност со косовскиот устав“, соопшти Европската служба за надворешни работи по повод усвојувањето на законот за трансформацијата во косовскиот парламент.

Share.