Теодосиевска нова директорка на фестивалот „Браќа Манаки“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Филмската критичарка и новинарка м-р Евгенија Теодосиевска е избрана за нова директорка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Медиумите јавуваат дека за ова место конкурирала и поранешната директорка на овој фестивал Лабина Митевска.

Теодосиевска е долгогодишен истакнат филмски критичар и новинар во МРТВ. Од 2008 е дел од фестивалот, како селектор на програмата за документарен филм, а во изминативе две години, во мандатот на Куновски – Доре, Теодосиевска беше уметничка директорка.

Share.