Тера на „Егзит“

0
298

Годинашното издание на фестивалот „Егзит“ е во знакот на слободата, па затоа беше проследен со песната „Слобода“, на чии звуци целата публика почна да ракоплеска и да игра.

Главна ѕвезда на отворањето беше светската балетска ѕвезда, Сергеј Полунин, чиј настап предизвика воодушевување кај публиката.

Започна синоќа, а ќе трае до 15 јули. Организаторите очекуваат на 55.000 посетители.

Најбројни се гостите од западноевропските држави, а ги има и од Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија.

Од година во година се повеќе гости пристигнуваат и од Бразил, Јужна Кореја, Тајланд, Австралија…

Сместувачките хотелски капацитети се полни, а голем дел од гостите се сместени во кампот.

Како секоја година така и оваа македонски бендови се присутни на овој фестивал.