Тера телевизија на Фестивалот на документарни филмови во Будимпешта

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од 28 ми јануари до 3-ти февруари во Будимпешта, се одржа 5- тото издание на интернационалниот фестивал на документарни филмови. На годинешното издание дел од програмата беше и македонскиот филм Avec I‘amour“ (Со љубов), во режија на Илија Цветковски, а за кој музиката ја напишаа битолчаните Фолтин.

Филмот раскажува за пензионираниот професор по биологија Дионис Пашлаков од Неготино кој има страст да купува олдтајмери и сон му е да отвори музеј во кој ќе ги смести старите автомобили.
Во рамките на интернационалниот фестивал во Будимпешта, во Хрватската Амбасада беше огранизиран свечен коктел за гостите на фестивалот во чест на документарниот филм, настан кој неколку години традиционално се организира во амбасадата. На истиот разговаравме со директорката на фестивалот Рита Балог.

-Ние сме млад фестивал на европската сцена, го започнавме организирањето на фестивалот во 2014, едноставно сите држави имаа свои фестивали на документарен филм, а унгарската публика немаше можност како да дојде до сите тие филмови. Од таму идејата да го организираме овој фестивал, работевме многу напорно, на наоѓање финансии, привлекување публика и дури сега на нашата 5- та годишнина, чувствуваме дека цела таа наша работа се исплати.
Имаме распродадени проекции, одлична публика која е задоволна со филмовите, но и со тоа што имаат можност да се запознаат со луѓето кои работеле на филмовите, пред се режисерите на самите филмови кои ние ги покануваме секоја година да бидат наши гости на фестивалот,
-Многу сме среќни што оваа година ваш филм беше дел од фестивалот. Да бидам искрена кога ги селектираме филмовите не гледаме од каде ни доаѓаат, она што го гледаме е самиот филм и ако е добар, го ставаме на програма. Секако сакаме филмови кои допираат до публиката, кои допираат до емоциите на гледачите.Токму овој филм е навистина прекрасна животна приказна за страста, кон олдтајмерите, но и љубовта генерално.
Оваа година како дел од интернационалното жири беше и реномираниот хрватски режисер Горан Девиќ, чии документарци се прикажуваат низ целиот свет, а веќе 16 години е дел од филмската сцена.
Неговите филмови освоиле награди на фестивалите во Пула, Сараево, Прага,Мотовун, Загреб и други.

  • Да се биде дел од овој фестивал и како гостин и како дел од жирито е одлично, затоа што гледате одлични филмови, а во исто време запознавате одлични луѓе кои работеле на тие филмови. Можете да го видите она што кај нас на балканот недостига, а тоа е да бидете сведок на една нормална комуникација помеѓу публиката и авторите на филмовите. Она што ме радува овде е што посетеноста е доста голема има голема заинтересираност да се погледнат овие документарни филмови, кои не се комерцијални, немаат медиумска поддршка, да мора да се погледнат од некоја причина, туку едноставно публиката доаѓа да ги погледне и да види друго општество, место, средина.
    -Македонија се буди  во однос на филмската сцена. Морам да го напоменам тука фестивалот Македокс, кој има респектабилен статус помеѓу филмските работници.Вашите филмски професионалци уште од времето на бивша Југославија имаа добар глас и се знак на квалитет, а тоа и до ден денешен е така.Премиерно пред домашната публика филмот Со љубов, беше прикажан во рамките на фестивалот „Македокс“, ја имаше својата премиера и пред битолската публика после што следуваше концерт на групата Фолтин.
    Има учествувано и на неколку светски фестивали во Минхен, Торонто и Сараево.Победник е во натпреварувачката селекција на Европскиот документарен филм, во рамки на 24. Меѓународен филмски фестивал во Нанси.

Share.