Тереза Меј го „преживеа“ гласањето на доверба

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Британската премиерка Тереза Меј го „преживеа“ гласањето за доверба во својата партија. Резултатот е 200 „за“ наспроти“ 117 гласови против на конзервативните пратеници.

Со ова гласање Меј ја обезбеди лидерската позиција до следните избори. Гласањето беше тајно, а Меј доби поддршка од 200 конзервативни пратеници, додека 117 гласаа против давањето доверба на нејзиното раководство.

Ѝ беше потребно едноставно мнозинство за да остане на челото на партијата, односно 159 од 317 гласови на конзервативците.

Откако Меј го преживеа гласањето за доверба во својата партија, се огласи лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин, кој кажа дека британскиот парламент мора да ја врати контролата врз процесот на повлекувањето на Британија од Европската Унија.

mkd.mk

Share.