Вчерашниот ден и во Битола беше во знакот на потпишување на кандидатурите за претседател на Македонија. И Пендаровски и Силјановска-Давкова рекоа дека освен партиската ќе ја бараат и граѓанската поддршка.
Претходниот ден и општинската организација на СДСМ и општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со повик до битолчани од 8:00 до 20:00 часот пред подрачната канцеларија на ДИК кај Борово да ја дадат својата поддршка.
Според информациите од ДИК, вчера до 20:00 часот во Битола за кандидатот Гордана Силјановска-Давкова се потпишаа 1575 лица, а за кандидатот Стево Пендаровски 1471 лице.
И двајцата на државно ниво го исполнија условот ( 10.000 потписи ). И едниот и другиот табор соопштина дека бројка многу поголема од таа пропишана во законот.
Според информациите од Државната изборна комисија заклучно со синоќа со 20:00 часот, Силјановска-Давкова собрала 28.029 потписи, а Пендаровски 21.852 потписи.











