Техничкото училиште доби пари од Владата и од Германската Амбасада

0
2086

Грант во висина од 5.500 евра за опремување на кабинтетите доби Техничкото училиште во Битола. Грантот го доби од Амбасадата на Германија. Амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска и в.д. директорот на СОТУ ,,Ѓорѓи Наумов” Владимир Роме потпишаа договор за грантот со вредност од околу 5500 евра. Со парите од грантот ќе се опремат кабинетите по физика и практична настава – електроенергетика во Техничкото училиште. Добиената финансиска помош предвидува опремување на кабинетите со најсовремена опрема во согласност со барањата на наставните програми по наведените училишни предмети. Исто така, проектот предвидува мали градежни активности со кои ќе се подобри изгледот и функционалноста на внатрешниот простор во кабинетите.

Викендов Техничкото училиште се најде меѓу 20 те најуспешни училишта, кои што беа наградени со парична награда во висина од 250 илјади денари за учество на натпреварот „Предизвик за млади истражувачи“. Наградата им ја додели премиерот Зоран Заев.

Натпреварот „Предизвик за млади истражувачи“ беше во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, се одвиваше во повеќе фази почнувајќи од 30.11.2017 година, па се до финалното презентирање на идеите кое се одржа на 18.05.2018 година. на натпревар во почетната фаза беа пријавени околу 100 училишта.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев им посака добредојде на присутните ученици, ментори, наставници и присутни гости и заедно со министрите за образование и здравство им доделија вредносни ваучери на најуспешните истражувачки проекти.

Екипата од СОТУ„Ѓорѓи Наумов“ предводена од менторот Илче Ацевски освои ваучер во вредност од 250000 денари.