Техничкото училиште од Битола во хуманитарна акција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола се вклучи во хуманитарната акција за изработка на заштитни маски со визири за здравствените работници.

Имено, пред неколку дена на Фесјбук се формираше група од околу 250 доктори, дизајнери, графички дизајнери и сопственици на 3Д принтери, кои почнаа да изработуваат заштитни маски со визири за медицинските работници испечатени на 3Д принтери. Веќе се испорачани 315 маски во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, а потоа ќе се распределуваат според потребата.

@На изработка на маските работат повеќе волонтери од државата кои поседуваат 3-Д принтери. Едни од нив сме и ние како училиште благодарение на добиениот 3Д принтер од Фондот за иновации и технолошки развој. За поздрав е вклучувањето во целата акција на професорот Илче Ацевски и двајца наши бивши ученици Благој Стојчевски и Горан Веловски. Во моментот се изработуваат маските и  визирите со кои ќе се опремат локалните медицински работници.

Да помогнеме колку што можеме  и да ги почитуваме препораките за заштита од вирусот Covid 19…Заедно ќе успееме“ велат од училиштето.

Share.