Техничкото училиште од Битола ќе се збратими со училиште од Измир, Турција

0
864

Делегација на техничкото училиште Ѓорги Наумов од Битола во петдневна посета на Турција. Директорот Владимир Роме и помошник директорот Тони Панов на средба првите луѓе на техничкото училиште Мавитекник во Измир, Република Турција.


Целта на оваа средба е збратимување на овие две технички училишта. Тоа и официјано треба да се случи во Битола во втората половина на јуни.
За време на нивниот престој во Измир беше ораганизирана и свечена вечера во чест на гостите, а до домаќините пренесени поздравите и пригодните подароци од градоначалничката на Битола Наташа Петровска како и подароци од битолското техничко училиште Ѓорги Наумов.


Домаќини беа директорот на приватното средно техничко училиште Мавитекник Садетин Думлу, како и членови на управниот одбор ( кои се главните финансиери) Халил Ибрахим Јуксел, Исмаил Чам и Серкан Асил.
Гостите од Битола свечено беа пречекани и во просториите на училиштетото, со цвеќе и локум во знак на пријателство и соработката која ќе следи.
Велат дека симболиката на локумот е благо јади-благо зборувај.


Гостите од Битола, првите луѓе на техничкото училиште од Битола се запознаа со образовниот систем во Турција, сличностите и разликите, можностите за соработка, размена на искуства, како и посета на наши ученици и наставници во Измир во текот на следната година.

Училиштетот Мавитекник е лоцирано во централниот дел на индустриската зона во Измир каде што се наоѓаат голем број фабрики. Станува збор за ново училише, кое функционира две години и во него се образуваат околу 900 ученици во неколку образовни профили од електротехничката и машинската струка, роботика, биотехника, авиомеханика, индустриска автоматика, обновливи избори на енергија, машинска технологија и дизајн.

Патувањето е потпомогнато од Еуростандард банка а.д. Скопје. Половина од средства на училиштето, половина преку донацијата од банката.
Посетата на Измир завршува, а делегацијата од техникото училиште денеска се враќа во Битола.