Техничкото училиште ќе постави рампа на службениот паркин

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Техничкото училиште преку соопштение реагира на како што велат од училиштето,  секојдневното узурпирање на службениот паркинг простор на СОТУ„Ѓорѓи Наумов“- Битола од страна на жителите на околните згради и останати граѓани и неможноста вработените во училиштето да ги паркираат своите возила на истиот.

Во соопштението ги известуваат сите оние кои своите возила ги паркираат на службениот паркинг на училиштето и таму ги оставаат со денови дека почнувајќи од понеделник 02.03.2020 год. секој ден како и за време на викенд, службениот паркинг ќе се затвора со постоечката рампа после 19.30 часот, со што сите затекнати возила нема да можат да излезат од него до 06.30 часот следниот ден.

„Со ова известување сметаме дека граѓаните се информирани за оваа одлука на раководниот тим на училиштето  и се оградуваме од сите евентуалните непријатности на кои ќе бидат изложени граѓаните кои одлуката нема да ја почитуваат“ стои во соопштението.

Share.