Тешка кражба во стан во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 28.12.2017 година во периодот од 08.00 до 16.50 часот на ул. „Павел Шатев“ во Битола, во станот сопственост на 41 годишен битолчанце, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот, со подесен алат ја отворил влезната врата од станот, влегол внатре и одзел еден пиштол марка „ЦЗ М57“ калибар 7,62 мм,  дигитален фотоапарат, шест рачни часовници, разновиден накит и еден плик со 20.000 денари и 150 евра, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 120. 000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Share.