Тилерсон повеќе не е прв дипломат на САД

0
208

Веќе подолго време имаше шпекулации дека Рекс Тилерсон би можел да поднесе оставка или да биде отпуштен од функцијата. Сега тоа навистина се случи. А претседателот Трамп назначи и негов наследник.Актуелниот директор на Американската разузнувачка служба ЦИА, Мајк Помпео ќе биде нов министер за надворешни работи на САД и ќе го замени Рекс Тилерсон. Ова го објави американскиот претседател Доналд Трамп изненадувачки на социјалната мрежа Твитер. Помпео извонредно ќе ја врши работата, напиша Трамп. Тој истовремено му се заблагодари на Тилерсон. Покрај тоа претседателот за нова директорка на ЦИА ја назначи досегашната заменичка на Помпео, Џина Хаспел. Двете назначувања мора да добијат и потврда во Сенатот на САД.Висок претставник на американската администрација по објавата на Трамп за промена на местото на прв дипломат на САД истакна дека претседателот сакал да изврши промени во неговиот кабинет пред да ги започне преговорите со голем влог со Северна Кореја. „Претседателот сакаше да осигура да има подготвен нов тим пред претстојните разговори со Северна Кореја“.  Промената на врвната функција во Стејт департментот се случува неколку денови по спектакуларната најава за средба меѓу Трамп и лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун , чиј термин и детали допрва треба да бидат утврдени.

dw.com