Тим за санкции од Вашингтон е тука да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки.
Ова преку Фејсбук-страницата на Амбасадата на САД во Скопје, како и преку социјалната мрежа „Твитер“ го соопшти американската амбасадорка, Анџела Агелер.
„На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер.













