Тијангонг 1“ најверојатно ќе влезе во атмосферата на Земјата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кинескиот сателит „Тијангонг 1“, кој поради дефект почна неконтролирано да паѓа, најверојатно денеска ќе влезе во атмосферата на нашата планета, но мала е веројатноста дека некој негов дел ќе падне на Земјата.

Европската вселенска агенција проценува дека тоа може да се случи в недела, додека претходните проценки на кинеската вселенска агенција беа дека сателитот ќе падне на Земјата во периодот од сабота до среда.

Вселенската лабораторија „Тијангонг 1“ е долга 10,4 метри и тешка 8,5 тони, а беше лансирана во 2011 година, како експериментална платформа за поголеми проекти во рамките на амбициозниот план на Пекинг, да до 2023 година има постојана вселенска станица во орбитата на Земјата.

Се очекува „Тијангонг 1“ да согори при навлегувањето во атмосферата на Земјата и дека нема да биде закана по луѓето и имотот. Само 10 проценти од сателитите „го преживуваат“ влезот во атмосферата.

Share.