Тодоровска 85. на 10 километри на ЗОИ во Пјонгчанг

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската репрезентативка во нордиски дисциплини Виктрија Тодоровска го освои 85. место во дисциплината 10 километри слободно на Зимските олимписки игри што се одржуваат во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Нашата 17 годишна олимпијка, во конкуренција на 90 натпреварувачки оствари време 32:57.60 минути, односно седум минути и 57 секунди зад победничката на трката Хага Рагнхилд од Норвешка.

Share.