Тодоров ги одреси адутите на нашата кошаркарска селекција за Естонија и Русија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Машката сениорска репрезентација во наредниот период, на 20, односно на 23 февруари, ќе ги одигра првите два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2021 година. Противници на нашите кошаркари ќе бидат селекцијата на Естонија и на Русија.

Првиот натпревар е закажан за 20 февруари во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 20:15 часот. Вториот е предвиден за 23 февруари, кога нашиот сениорски национален тим игра на гостински терен, во Перм, во 16:00 часот, против соодветната селекција на Русија.

Селекторот Александар Тодоров ги избра 15.кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот прозорец на ФИБА, односно квалификациите за ЕП 2021 година.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)
Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)
Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)
Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)
Марко Симоновски
СЕЛЕКТОР: Александар Тодоров

Share.