Тодор Петров ќе собира 150.000 потписи за нов референдум

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Иницијативата на Тодор Петров за собирање на 150.000 потписи за нов референдум за името денеска е одобрена од осум од деветте пратеници во собраниската комисија.

Законодавно-правната собраниска комисија констатира дека иницијативата на Тодор Петров за собирање потписи за нов референдум е уредна. Претседателката на Комисијата, Соња Мираковска, рече дека има неколку технички забелешки, но неоспорно е, според неа, дека подносителот ги има потребните повеќе од сто потписи за иницијативата. Една од дилемите што таа ги наведе е дека Петров предвреме го доставил барањето до Собранието, односно два дена пред да бидат изгласани амандманите за Северна Македонија.

Во иницијативата за собирање на потписи Петров ќе го формулира евентуалното референдумско прашање „Дали сте за Република Северна Македонија?“.

Сега останува на претседателот на Собранието Талат Џафери да утврди дали неговата иницијатива е уредна, и да го извести премиерот Заев и преку него да се испрати известување до ДИК.

Share.