Томче Петрески е нов тренер на РК Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Раководството на РК Пелистер, денес на одржаниот состанок едногласно му даде доверба на Томче Петрески да го води Пелистер по оставката на досегашниот тренер, Борче Марковски, објавија на својата фејсбук страница од РК Пелистер.
После оставката на Борче Марковски после саботното дерби, во јавноста се шпекулираше за повеќе имиња, но изборот падна врз Петрески.
Поранешниот тренер на Пелистер и Прилеп, Томче Петрески моментално е на клупата на мароканскиот клуб Мулудиа Спортив Ујда, но со прифаќањето на понудата од Пелистер повторно се враќа во Македонија.
Share.