Тони Лазов е победник на шаховскиот турнир на Меѓународниот Славјански универзитет

0
390

По одигрувањето на деветтото коло заврши турнирот за шах за млади категории во организација на Меѓународниот Славјански универзитет.

Првото место (златна плакета и лаптоп) го освои Тони Лазов од Неготино (шаховски клуб Алкалоид), втора беше (сребрена плакета и таблет) прилепчанката Викторија Велеска, а третото (бронзена плакета и шаховски сет) му припадна на Хедон Мифтари од Струга (шаховски клуб Алкалоид). Беа доделени и специјални плакети за: најдобрата шахистка и најперспективниот млад шахист.

Наградите ги додели првиот секретар на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Александар Алексеев, кој се обрати пред учесниците и го објасни значењето на шахот во Русија и Македонија.

ФОТО: Bitolanews