Македонската народна историја овој месец го нарекува Сечко, заради студеното зимско време и со силните ветришта кои ги пресекуваат сите живи организми. Месец кога и кучето и мачето не се повеќе непријтели.
Но, оваа година, во февруари како да живееме пролетно време.
Според различни извештаи, глобалните температури ќе достигнат рекорди во следните 5 години, а ние нема да го избегнеме ваквото превртено време.
Американските експерти ова го припишуваат на на феноменот Ел Нињо. Според нив, има повеќе од 95% шанси дека времето на Ел Нињо ќе продолжи во текот на оваа зима на северната хемисфера и ќе трае до месец март. Промените треба да се очекуваат после овој месец.
Според научниците, појавата на поплави во Вермонт, екстремните горештини во Аризона и деструктивните шумски пожари на Хаваи, сите служат како индикатори за затоплување на планетат. Па така, не само што светот лани го доживеа најтоплиот јули – рекорд од најмалку 1880 година, февруари го надмина претходниот рекорд од 2019 година за две десетини од степенот Целзиусови.
И според експертите на НАСА, февруари 2024 година ќе биде најтоплиот февруари на глобално ниво, а се очекува горештините да продолжат со потопло од просекот температури. На крај се предвидува дека ако се задржи трендот од последните 8 години, оваа претстојна година повторно ќе биде најтоплата година досега.












