Нема да има никакви проблеми со одвивањето на сообракајот, односно нема да се создаде тесно грло, ќе се одбива во две насоки, а тоа го регулира сообракајната полиција, вели за Тера телевизија, директорот на ЕСМ Топлификација, Александар Мирчевски прашан за градежините активности кои стигнаа до кружниот тек кај Безистенот.
Со оглед на тоа што тука нема разделна шахта, поставувањето на топлодната цевка ќе се одвива брзо, но тоа пак сепак зависи од временските услови. И на горе после кружнитот тек не се очекува големо попречување во сообракајот и движењето на минувачите.
Работат на уште една локација кај кланицата, но таму работите се изведуваат на тротоарот.
Мирчевски вели дека изведувачот со активностите е и пред планираното, солидно се извршуваат работите на терен и се води сметка што помалку да се прават гужви.
Тој вели дека е заводолен како се изведуваат гардежните работи.











