Торнадо пустоши по Флорида

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Силно невреме ја погоди Флорида, а торнадо мина низ делови од градот Форт Валтон Бич. На социјалните мрежи се појавија фасцинантни снимки од вчерашното невреме.

Како што објавуваат американските медиуми, на снимката на корисникот на Фејсбук Дејв Перкинс се гледа како торнадото врти и минува преку вода, за потоа повторно да се врати на копнениот дел, „собирајќи“ покрив на куќа.

Медиумите јавуваат дека торнадото „допатувало“ од Окалуса и Санта Роса, деловите најсилно погодени од невремето.

mkd.mk

Share.